Ако сакаш да преживееш, мораш да бидеш силен и умен

Одамна, живееле тројца блиски другари: г-дин Железо, г-дин Стакло и г-дин Кисела Краставичка. Г-дин Железо бил направен од железо, г-дин Стакло бил направен од стакло, а г-дин Кисела Краставичка бил направен од кисели краставички. Биле сиромашни луѓе кои не можеле да работат и живееле во мала колиба веднаш до големиот замок на џинот-људоед.

Mr. Icon, Mr Glass, Mr Pickle

 

Отидувале во кујната на џинот да јадат, па се враќале во својата мала колиба. Но, еден ден, додека јаделе, жената на џинот ги здогледала во кујната, се налутила и им рекла дека не смеат повеќе да доаѓаат таму.

 

Следниот ден пак дошле и почнале да јадат во кујната, но таа ги видела и овојпат била бесна. Тие побегнале, а таа ги гонела и овојпат го фатила г-дин Стакло и дунала во него. Г-дин Стакло се издигнал во воздух, паднал надолу, се распрснал на парчиња и умрел. Неговите другари тагувале, но ништо не можеле да сторат за него.

 

Наредниот ден, г-дин Железо и г-дин Кисела Краставичка повторно отишле и почнале да јадат, но таа пак ги гонела. Побегнале, но таа ги следела и овојпат го фатила г-дин Кисела Краставичка, па дунала во него, а тој се издигнал во воздух и паднал надолу, пукнал и умрел. Г-дин Железо бил многу тажен и налутен и посакал одмазда.

 

Наредниот ден, г-дин Железо отишол во кујната на џинот и почнал да јаде. Таа го здогледала и го прашала дали сака да умре како неговите другари. Г-дин Железо одвратил дека не може да го убие, па таа дунала во него и г-дин Железо се издигнал во воздух и паднал надолу, но не умрел зашто бил направен од железо. Затоа таа дунала посилно од првиот пат, но тој сепак не умрел. Се обидела повторно, но овојпат, додека дувала во него, устата ѝ пукнала, а г-дин Железо ѝ се насмеал.

 

Отишла кај кројачот да ѝ ја зашие устата. После тоа отишла до малата колиба на г-дин Железо и му викнала: „Излези ако си јунак!“. Г-дин Железо излегол од својата мала колиба, а таа се обидела да дувне во него, но устата повторно ѝ пукнала. Г-дин Железо ѝ се насмеал. Била многу лута и повторно отишла кај кројачот да ѝ ја зашие устата.

 

Така, не можела да го убие, но се сетила дека може да го фати кога ќе дојде во нејзината кујна. Следниот ден г-дин Железо отишол во кујната, но жената на џинот го фатила, го ставила во цврста вреќа, вреќата ја врзала со јаже на бесилка и ја одредила својата ќерка Мемона да го чува г-дин Железо.

 

Жената на џинот сакала да го свари г-дин Железо и да го покани целото свое семејство да го јаде, па на ќерка ѝ рекла да внимава да не ја отвори вреќата. Потоа ја напуштила куќата да ги покани роднините на вечера.

 

Г-дин Железо ја слушнал како вели дека сака да го изеде. Се запрашал како да излезе од вреќата. Почнал гласно да џваче гума и да вели: „Црвена гума, ммммм, зелена гума, ммммм, сина гума, ммммм“, и тоа го повторил многу пати. За среќа, ќерката на џинот (Мемона) посакала гума за џвакање, па го замолила г-дин Железо да ѝ даде едно парче.

 

Г-дин Железо ѝ рекол дека не може да ѝ даде гума зашто вреќата е врзана. Ѝ рекол дека може да направи мала дупка во вреќата, но таа одвратила дека не смее, зашто мајка ѝ ѝ наредила да не ја отвора вреќата. Г-дин Железо почекал една минута, па повторил: „Црвена гума!!!, ммммм, зелена гума!!!!, ммммм, сина гума!!!!!, ммммм“. На крајот таа рекла да, ќе направи мала дупка.

 

Направила мала дупка и рекла: „Дај ми парче гума, те молам“. Но г-дин Железо ѝ рекол дека не може да ја извади гумата зашто дупката е премала. Таа ја проширила и го прашала: „Сега ќе ми ја дадеш ли гумата, те молам?“, но тој пак рекол: „Не, не можам, дупката не е доволно голема!“. Ја проширила дупката уште повеќе, но г-дин Железо не се согласил сѐ додека дупката не стана доволно голема за да излезе низ неа.

 

Кога жената на џинот се вратила со своето семејство, ја виделе храната веќе на масата. Жената на џинот рече дека ќерка ѝ е одлична зашто го сварила г-дин Железо, па почнаа да јадат.

 

Но кога завршија со јадењето, жената на џинот отиде до фрижидерот, го отвори замрзнувачот и ја виде главата на својата ќерка. Извика: „Не-е-е-е-е!?!????“ и почна да плаче, а г-дин Железо почна да се смее и побегна на покривот од куќата на џинот.

 

Таа го следеше до покривот, но г-дин Железо ѝ се потсмеваше и рече: „Ова е кошулата на Мемона“, па ѝ ја фрли кошулата. Таа плачеше хистерично, а тој рече: „Ова е фустанот на Мемона“ и ѝ го фрли. Потоа рече: „Ова се гаќичките на Мемона“ и ѝ ги фрли и нив.

 

На крајот г-дин Железо побегна далеку, седејќи со сознанието дека им се одмаздил за смртта на своите другари и дека жената на џинот го загубила сето она што го сакала.

 

Поуката од оваа приказна е:

„Ако сакаш да преживееш, мораш да бидеш силен и умен“
Mr. Icon, Mr Glass, Mr Pickle